28 Септември

Вертикал 5km

Вертикал 5km е планинска трка од екстремен карактер во Охридското село Пештани. Трката започнува во подножјето на планината Галичица, од центарот на селото Пештани и се движи по директна вертикална линија по западниот дел на Галичица. Самата трка поминува низ несекојдневна и невообичаена патека, каква што ретко може да се најде на планината Галичица. Вертикалот завршува во близина на врвот Чумо Влага на околу 1800м надморска висина.

Резултати Вертикал 5км




СТАРТЕН ПАКЕТ

Вертикал 5km


  1. Техничка маица
  2. Бандана
  3. Медал – финишер
  4. Стартен број
  5. Освежување и храна
  6. Подароци од спонзорите

Трките на Пештани Екстрим Вертикал ќе имаат рана и редовна пријава. Цената на Вертикал 5km за рана пријава изнесува 1200мкд, а за редовна пријава 1600мкд. Покрај пријава на една од трките, тркачите може да се пријават да трчаат и на 2-те трки, за што следува и попуст. Тоа може да го направите со пријава на Комбинираната трка (Вертикал + Треил). Краен датум на раната пријава е 30.04.2024, додека крајот за регистрации на сите трки е 21.09.2024 (доколку не биде пополнет предвидениот број).

Со уплата на котизацијата, секој натпреварувач добива стартен пакет. Рефундирање на уплатена котизација се прави само во случај на откажување на трката поради вина на организаторот. За сите останати причини (виша сила) над кои Организаторот нема надлежност, а може да доведат до откажување на трката нема да се врши рефундирање на  средствата.

Пријавувањето од натпреварувачи кои се суспендирани поради допинг во било кој спорт нема да биде прифатено.




ИНФОРМАЦИИ ЗА ТРКАТА

ВЕРТИКАЛ 5km

Подигањето на стартните пакети ќе биде на самата плажа на 50-тина метри од центарот на c. Пештани. Точното време за експо и почеток на трките ќе биде дополнително утврдено.


ПРИЈАВИ СЕ

Регистрирани тркачи

Патека




ВИСИНСКА РАЗЛИКА И РУТА

Најголем дел од рутата поминува низ каменести и карпести делови, земјени патеки и ливади каде што се совладува 1.150m висинска разлика.




ПРОСЕЧЕН НАКЛОН

Просечниот наклон на патеката е околу 23%, а на места достигнува и наклон од 35%-40%.




ДОЛЖИНА НА ПАТЕКА

Вертикал 5km е трка во должина од приближно 5km.




НАДМОРСКА ВИСИНА

Стартот е во селото Пештани, а финишот во близина на врвот Чумо Влага 1.801m надморска височина.


ВИДЕО ПРИКАЗ НА ПАТЕКА

Вертикал 5km

На следното видео можете да ја погледнете рутата по која ќе се трча на трката Вертикал 5km.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ТРКАТА


  • Награди
  • Освежителни станици
Награди

Награди ќе бидат доделени за првите 3 места, и тоа како во женска така и во машка конкуренција. Првопласираните ќе бидат наградени со богати подароци (стокови награди) обезбедени од нашите спонзори.

Покрај тоа за најбрзите во машка и женска конкуренција доделуваме викенд за 2 лица во Охрид.

Освежителни станици

За време на трката ќе имате 1 освежителнa станици и тоа:

  1. Ветро Гумно – Крст 3km – 700D+

Освежителната станица ќе биде снабдена со се она што може да му притреба на еден тркач.

Наш совет е со себе секогаш да имате доволна количина на храна бидејќи времето потребно да се стигне од една до друга станица може да биде доста долго, особено за побавните тркачи.

Исто така освежување ве чека и на самиот врв по завршување на трката.