Трката на 21 километри е тркачкиот професионален дел од целиот настан Охрид трчаТ. Таа пред се е наменета за активните рекреативци и професионални атлетичари кои сериозно влегуваат во борба со времето и спортските конкуренти за подобро место на трката.
од 15 до 30 Септември 2024 | од 1 Октомври 2024 до 31 Јануари 2025 | од 1 Февруари до 18 Мај 2025 |
1200ден | 1500ден | 1800ден |
Регистрацијата се затвара на 18 Мај 2025, 23:59. За регистрација после затварањето (доколку постојат услови) котизацијата изнесува 900 денари за 5км и 1800 денари за 21км и во овој случај пријавениот добива само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило доколку има останати броеви.
Напомена:
Првите пет атлетичари/ки на ранг листата за полумаратон за 2024 година при Атлетската Федерација на С. Македонија се ослободени од плаќање на котизацијата за учество.жени / мажи | |
1 место | 300 EUR |
2 место | 200 EUR |
3 место | 100 EUR |
Првите 3 места на трката од 21км (жени и мажи) покрај паричните награди ќе бидат наградени и со статуетка, диплома, букет цвеќе, оригинален охридски бисер од Филеви, подароци од партнерите.
Паричните награди ќе бидат исплатени на трансакциска сметка во рок од 30 дена во денарска противредност.
Задолжително прочитајте ги правилата и прописите за настанот Охрид трчаТ со кликање на копчето подолу!
Доколку сакате да добиете информации околу групните пријави за настанот Охрид трчаТ Ве молиме пополнете ја контакт формата со кликање на копчето подолу.
Трката на 5 километри претставува рекреативна трка која е наменета за сите возрасти и која за главна цел има дружење, забава, афирмација на пораки и цели, како и промоција на трчањето кај најмладата популација и здравиот начин на живот. Се трча еден круг низ улиците на Охрид како што е опишано на мапата.
од 15 до 30 Септември 2024 | од 1 Октомври 2024 до 18 Мај 2025 |
600ден | 900ден |
Регистрацијата се затвара на 18 Мај 2025, 23:59. За регистрација после затварањето (доколку постојат услови) котизацијата изнесува 900 денари за 5км и 1800 денари за 21км и во овој случај пријавениот добива само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило доколку има останати броеви.
Првите 3 места на трката на 5км ( мажи и жени ) ќе бидат наградени со статуетка, диплома, букет цвеќе, оригинален охридски бисер од Филеви, подароци од партнерите.
Задолжително прочитајте ги правилата и прописите за настанот Охрид трчаТ со кликање на копчето подолу!
Тим билдинг трките се дел од трките на 5 и 21 километaр. Самото име на трките кажува што е главна цел на овие трки. Ние сме убедени дека на ваков начин преку спортување и дружење се придонесува кон зајакнување на човековите капацитетите на многу компании и институции. Праќањето на пораки до јавноста, издигнувањето на целите и афирмацијата на здруженија, поединци, организации, кои немаат политичка, расна и национална конотација се исто така важен сегмент од нашата желба која сакаме да ја постигнеме.
5 К ____________________________
21 К ____________________________
од 15 до 30 Септември 2024 | од 1 Октомври 2024 до 31 Јануари 2025 | од 1 Февруари до 18 Мај 2025 |
5K / 21K | 5K / 21K | 5K / 21K |
600ден / 1200ден | 900ден / 1500ден | 900ден / 1800ден |
Регистрацијата се затвара на 18 Мај 2025, 23:59. За регистрација после затварањето (доколку постојат услови) котизацијата изнесува 900 денари за 5км и 1800 денари за 21км и во овој случај пријавениот добива само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило доколку има останати броеви.
Котизацијата е за еден учесник во тимот.
Првите 3 места на Тим Билдинг трката на 5км и на 21км ( мажи и жени ) ќе бидат наградени со индивидуална статуетка, тимска статуетка, букет цвеќе, диплома и шампањ.
Задолжително прочитајте ги правилата и прописите за настанот Охрид трчаТ со кликање на копчето подолу!
Штафетниот полумаратон е дел од целиот настан Охрид трчаТ. Тoj пред се е наменет за активните рекреативци и професионални атлетичари кои сериозно влегуваат во борба со времето и спортските конкуренти за подобро место на трката. Штафетниот полумаратон се трча во пар. Парот може да биде од ист или различен пол (мешани парови). Замената на штафетата се прави на едно место, односно на 10.548 км (местото е назначено на мапата).
од 15 Септември 2024 до 18 Мај 2025 |
2400ден |
Регистрацијата се затвара на 18 Мај 2025, 23:59 или доколку е исполнет максималниот број на учесници. Максималниот број на учесници е 200, односно 100 парови. За регистрација после затварањето котизацијата ќе изнесува 2400 денари и во овој случај пријавените добиваат само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило само доколку има останати броеви.
Првите 3 места од штафетнинот полумаратон во машка и женска категорија ќе бидат наградени со индивидуална статуетка, тимска статуетка, букет цвеќе и диплома.
Задолжително прочитајте ги правилата и прописите за настанот Охрид трчаТ со кликање на копчето подолу!