Согласно последната одлука на Владата на Република Северна Македонија во овој момент на сила се правила за влез/излез на/од територијата на Република Северна Македонија на домашни и странски државјани така што доколку на граничниот премин не се приложат еден од следните документи нема да може да се влезе во државата а со тоа и да се учествува на една од трките на Охрид трчаТ:
- сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19;
- сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
- медицинска потврда со негативен резултат од RТ PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез/излез на/од територијата на Република Северна Македонија или
- негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез/излез на/од територија на Република Северна Македонија.
Сертификатот/потврдата од ставот 1 алинеи 1, 2, З и 4 од оваа точка, не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
Повеќе информации можете да добиете на официјалната страна на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија (Линк до официјалната страна).
Донесените правила се облигациони за нас како организатори и наша обврска е да ги почитуваме и спроведуваме. Доколку овие правиле се променат ќе ве информираме преку нашата веб страница и нашите социјални медиуми. Исто така сите натпреварувачи пред тркачкиот викенд ќе добијат инструкции, согласно последните одлуки, на нивните електронски пошти околу сите правила и мерки кои ќе важат за време на одржување на настанот.