Подигањето на стартните пакети ќе биде на самата плажа на 50-тина метри од центарот на c. Пештани. Точното време за експо и почеток на трките ќе биде дополнително утврдено.
Пријавувањето на детската трка е бесплатно и се врши исклучиво преку нашата веб страна. Детската трка ќе има две категории возрасни и тоа 2009-2011 и 2012-2015. Секое пријавено дете на денот на трката треба да ја носи маицата од трката и стартното бројче.
Најголем дел од рутата поминува по широк земјен пат каде што се совладува висинска разлика од 80m.
Просечниот наклон на патеката е околу 3.5 %.
Пештани детски треил е трка во должина од приближно 1.7km.
Надморската височина која се достигнува на оваа трка изнесува 788m.
Награди ќе бидат доделени за првите 3 места, и тоа како во женска така и во машка конкуренција. Првопласираните ќе бидат наградени со богати подароци (стокови награди) обезбедени од нашите спонзори.
За време на трката ќе има 1 освежителнa станица со вода која се наоѓа на половина од патеката.