За Пештани

Поширокото подрачје на селото е населено уште од бронзеното време, за што сведочи денес реконструираната наколна населба Залив на Коските со нејзиниот „Музеј на вода“. Се претпоставува дека селото некогаш се наоѓало во месноста Горно Село, која се наоѓа на североисточниот крај од селото. На ова место е наоѓалиштето Старо Село, каде се пронајдени остатоци од средновековни градби и предмети од секојдневниот живот. Возвишувањето Градиште или Богоројца се наоѓа 2 километри јужно од Пештани. Таму се наоѓаат камења од некогашната тврдина. Во XIX век, Пештани било село во  составот на Отоманското Царство. Денес, Пештани, нема некоја впечатлива земјоделска дејност, туку тоа прераснало во туристичка и рибарска населба. До Втората светска војна, мештаните се занимавале главно со рибарство, продажба на дрва во Охрид и одгледување кози. Меѓутоа, по војната настанале промени. Сѐ повеќе се зголемувало значењето на туризмот, а се намалувале другите дејности. Бил изграден хотелот „Десарет“, како и два кампа. Потоа, исто така, со развојот на индустријата во градот Охрид, многумина се вработиле и таму. Во денешно време, населението на Пештани е свртено кон развојот на туризмот и други сродни гранки. Добро се развиени услужните дејности: трговијата, угостителството и сообраќајот. Се градат нови приватни капацитети за сместување гости, како и приватни хотели.



Песна за Пештани


На м`жите Пешчански уште вертикален пат в планина им требит
тркачиве да им го нагазет, спремет трка шо вредит,
ги слушаш до средсело, а в планина грлато муабет прает
овој настан на мапите за планински трки да го клает,
за нив овој настан од светски размери би бил
з`то сакет поддршка- никој од вас да не им се скрил!
Е сега- ак поминит убо како шо си замислувет, како шо планирет
ќе им останиме тро појќе нешто да спржнет, на светските трки да им парирет.



Како да пристигнам до Пештани?

Доколку сакате да го користите јавниот трнаспорт за да пристигнете до Пештани, распоредот на автобуските линии можете да го најдете подолу.



АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

Охрид – Пештани – Охрид

Компанија АД Галеб

Охрид – Пештани Пештани – Охрид
04:45 05:05
05:20 05:55
06:20 06:55
07:20 08:15
10:00 10:20
11:00 11:20
12:15 12:45
13:20 13:45
15:20 15:40
16:30 16:55
19:20 19:40
21:30 21:50
22:30 22:50

Компанија Пупе Компани (до Св. Наум)

Охрид – Пештани Пештани – Охрид
05:15 06:05 (само од Понеделник до Петок)
06:20 07:25
08:25 09:35
11:25 12:35
13:25 14:35
15:25 16:35
18:25 19:35
20:25 21:15 (само од Понеделник до Петок)