Трките на Пештани Екстрим Вертикал ќе имаат рана и редовна пријава. Цената на Бајраче Треил за рана пријава изнесува 1200мкд, а за редовна пријава 1500мкд. Покрај пријава на една од трките, тркачите може да се пријават да трчаат и на 2-те трки, за што следува и попуст. Тоа може да го направите со пријава на Комбинираната трка (Вертикал + Треил). Краен датум на раната пријава е 30.04.2024, додека крајот за регистрации на сите трки е 21.09.2024 (доколку не биде пополнет предвидениот број).
Со уплата на котизацијата, секој натпреварувач добива стартен пакет. Рефундирање на уплатена котизација се прави само во случај на откажување на трката поради вина на организаторот. За сите останати причини (виша сила) над кои Организаторот нема надлежност, а може да доведат до откажување на трката нема да се врши рефундирање на средствата.
Пријавувањето од натпреварувачи кои се суспендирани поради допинг во било кој спорт нема да биде прифатено.
Оваа година настанот ќе биде побогат со уште една трка, Бајраче Треил. Трката се испреплетува низ најсликовитите делови од планината, откривајќи нови недопрени патеки кои прикажуваат прекрасен поглед кон Охридското и Преспанското Езеро. Почнувајќи од с. Елшани вгнездено на падините на Галичица на околу 900 мнв. патеката се движи во близина на селата Пештани на југ и се искачува преку излетничкото место Корита до Врвовите Лако Сигној 1984 мнв. и Бајраче 1924 мнв. па се спушта по западните падини на Галичица се до селото Елшани и се упатува накај финишот во селото Пештани.
Подигањето на стартните пакети ќе биде на самата плажа на 50-тина метри од центарот на c. Пештани. Точното време за експо и почеток на трките ќе биде дополнително утврдено.
1300m елевација (позитивна денивелција).
Просечен позитивен наклон на трката е 6.4%.
Должината на патеката изнесува 23 km.
Почетната точка, односно с. Елшани изнесува 880 мнв. Највисоката точка на трката, врвот Лако Сигној изнесува 1984 мнв. Финишот е во с. Пештани и изнесува 700 мнв.
Награди ќе бидат доделени за првите 3 места, и тоа како во женска така и во машка конкуренција. Првопласираните ќе бидат наградени со богати подароци (стокови награди) обезбедени од нашите спонзори.
Покрај тоа за најбрзите во машка и женска конкуренција доделуваме викенд за 2 лица во Охрид.
За време на трката ќе имате 3 освежителни станици и тоа:
Освежителните станици ќе бидат снабдени со се она што може да му притреба на еден тркач.
Наш совет е со себе секогаш да имате доволна количина на храна бидејќи времето потребно да се стигне од една до друга станица може да биде доста долго, особено за побавните тркачи.