Акватлон е мултиспортска трка која се состои од елементи на континуирано трчање и пливање. Откако натпреварувачите ќе завршат со пливање веднаш потоа следи трчање. Спортистите се натпреваруваат за најбрзо целокупно завршување на рутата, вклучувајќи го и времето на транзиција помеѓу дисциплините.
Место: Плажа КЈ Дивоно, патека Студенчишта
Датум: 24.08.2025 година, Недела
Последен ден за пријавување е 17 Август, 23:59. Последен ден за пријавување во кое ќе имате можност да додадете и Dry Fit маица е 4 Август, 23:59. Бројот на натпреварувачи е ограничен, пријавите може да се затворат и порано доколку се пополни предвидениот број.
Категории | Година на раѓање |
Сениори/ки | 2005 год. и постари |
Јуниори/ки | 2006 год. – 2009 год. |
Кадети/ки | 2010 год. – 2012 год. |
Деца 2 | 2013 год. – 2015 год. |
Деца 1 | 2016 год. и помлади |
Мастерс 1 | 1985 год. – 1995 год. |
Мастерс 2 | 1974 год. – 1984 год. |
Мастерс 3 | 1973 год. и постари |
Категорија |
Пливање | Трчање |
Сениори/ки |
1 км |
5 км |
Јуниори/ки Кадети/ки Мастерс |
500 метри |
3 км |
Деца 2 |
200 метри |
1.5 км |
Деца 1 | 100 метри |
750 метри |
Стартен пакет:
Издавањето на стартниот пакет ќе биде во Сабота на 23.08.2025 од 16:00 – 19:30 часот на плажата К’Ј Дивоно (мапа). Истиот ден на плажата К’Ј Дивоно ќе бидеме достапни за сите оние кои имаат потреба од дополнително објаснување за патеката и секако да одговориме на прашања кои би ги имале во врска со трките, мапите и се останато.
Напомена: Оганизаторот го задржува правото да го менува стартниот пакет.
Пливањето се одвива на плажата КЈ Дивоно и таа е поставена како триаголник. Стартот е пред самата плажа и е од вода.
Трчањето се одвива на патеката Студенчишта до нејзината крајна точка во близина на мостот кај каналот Студенчишта.
Трката е официјално Државно првенство во Акватлон.
Учесниците се должни да ги почитуваат правилата на ИТУ и ТФСМ и учеството на трката е на сопствена одговорност и сите настанати последици се на сопствена одговорност на натпреварувачите.
Пријавување:
07:00h – 08:00h
Напомена: Доколку вкупниот број на учесници го надмине предвидениот за 2025 година по категории, организаторот го задржува правото да дел од трките ги премести за 23 Август, Сабота, за што сите учесници ќе бидат благовремено известени.
Транзицијата ќе биде на бетонската подлога одма после излегувањето од вода и таа ќе биде поставена од двете страни со соодветна маркација на броеви.
На патеката за трчање ќе има две освежителни станици на кои ќе има вода, електролити и овошје.
Старт/финиш зоната и патеката на трчањето се означени на мапата.
Секој учесник кој ќе ја заврши трката ќе добие медал/финишер додека сите првопласирани натпреварувачи ќе добијат медал и диплома.