Финално одбројување до третото издание на Охрид трчаТ

May 28, 2019

Уште само пет денови останаа до почетокот на третото издание на Атлетската манифестација Охрид трчаТ. Пријавувањето за учество заврши на 26 мај во неделата, а организаторите ги прават последните подготовки за незаборавен спортски викенд во Охрид.

Петтиот ден во одбројувањето до стартот на Охрид трчаТ ќе го искористиме за презентација и потсетување на резултатите од претходните две години на рекреативната трка на 5 километри и тим билдинг трката. Стартот и целта на петкилометарската трка е на исто место, а се трча низ стариот дел на градот и најфрекветните улици низ градот, што дава доза на голема адрелин во текот на трката.

Во првото издание на Охрид трчаТ во 2017 година на 5 километарската трка во машка конкуренција победи Пепи Анакиев, додека во женска конкуренција најбрза беше Елена Стојческа. Минатата година на второто издание кај машките најбрз беше Милан Митровиќ, а помеѓу женските победи Марго Бојаџиева. Во 2017 година во Тим билдинг трката триумфираше Фит Форм, а во 2018 година победи екипата на Делта.

Петкилометарската трка оваа година почнува во 9 часот и 30 минути, а почеток на третото издание на Охрид трчаТ ќе означи трката на 10 километри која ќе стартува во 9 часот.

Во склоп на Охрид трчаТ успешно се организираа Детската и Училишната трка а допрва следуваат Ноќната трка која е во петок, експото и панел дискусијата в сабота и главниот настан кој ќе се одржи в недела на 2 јуни.