Ноќната трка е комбинација на забавно-рекреативно трчање и музика и таа претставува симболичен старт на Ohrid Running Weekend. Должината на патеката е 2км. После трката има концерт и хуманитарна паста забава (Pasta Party). За оваа трка не треба пријавување, треба да имате само желба и позитивна енергија и секако да бидете на стартот пред Cuba Libre во предвиденото време.
Кога?
30 Maj 2025 (Петок)
21:00 часот
Каде?
Старт – Куба Либре
Цел – Кеј Македонија пред хотел Палас
Опис на патеката:
Стартот на трката е Куба Либре. Се трча по патеката Студенчишта во правец на Кеј Македонија до самото езеро, се продолжува со трчање на Кеј Македонија до големиот јарбол со македноското знаме кај пристаништето на Охрид и потоа се врти десно и се продолжува на шеталиштето Кеј Македонија до пред Хотел Палас каде што се наоѓа финишот. На самиот ФИНИШ ќе се забавуваме со концерт на Камелеон.
*Бесплатно учество!
ОТКАЖАНО
поради ситуацијата со COVID-19
Контакт: ohridtrcat@gmail.com