Детската трка е повторно одложена!

May 13, 2024
Со големо разочарување Ве известуваме дека сме приморани да ја одложиме повторно Охрид трчаТ детската трка. Иако најавите пред само некој ден беа идеални за утрешниот ден денес веќе ситуацијата не е иста. Цел ден сме на линк со институциите кои ја пратат професионално временската состојба и последно пред половина час добивме инфо дека утре од 8-13 часот има најава за дожд. Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање кај сите родители и дека истите ќе најдат соодветен начин да им пренесат на дечињата. Ние како организатори и нашите партнери секогаш ќе сме на страната на здравјето, безбедноста и среќата кај децата и на таа основа ја темелиме нашата одлука.
За новиот датум на настанот нема да брзаме така што ќе почекаме да се стабилизира времето и дополнително ќе ја известиме јавноста и сите инволвирани во настанот.

Со почит,
АК Охрид трчаТ