Едно големо БЛАГОДАРИМЕ за сите кои беа дел од Детската трка!

May 26, 2024
Едно големо БЛАГОДАРИМЕ за сите кои беа дел од нас (партнери, општина, школи, учителки, професори по физичко и здравствено образование, родители, тимот на Охрид трчаТ и секако првачињата) и нашата желба на првачињата да им организираме еден спортски спектакл кој веруваме долго ќе го помнат. ❤
Ние веќе 100% сме насочени кон осмото издание на Охрид трчаТ 2024 / Ohrid Running Weekend 2024 така што Ве покануваме да се дружиме и сплотиме во афирмацијата и промоцијата на Охрид и поддршката кон сите учесници на Охрид трчаТ 2024. 🤝🤝🤝
Првачиња, генерација 2018, спремајте се и се гледаме на Охрид трчаТ Детска трка 2025. 👍