Мапи и Агенда за Акватлон 2022

August 25, 2022
Почитувани Акватлон учесници,
се наоѓаме на неколку денови пред првото издание на Охрид трчаТ Акватлон. Ви благодариме на Вашата пријава и искрено се надеваме дека заедно со Вас ќе имаме одлично прво издание како позитивен старт на дисциплината Акватлон во Македонија. Ние сме во финални подготовки а веруваме и Вие. За подобро да се запознаете со се околу стартот, пливањето, транзицијата, трчањето и финишот Ви споделуваме 3 мапи и агенда за недела.
Доколку имате потреба за дополнителни информации можете да се информирате и во сабота на лице место, од 17-20 часот, плажа Кај Дивоно (старт/финиш).
Ви посакуваме многу успех во финалните подготовки и многу среќа на натпреварот во недела.