Незаборавен викенд во Охрид на гостите од „WBF“ проектот на Охрид трчаТ

September 1, 2020

Ограничениот број на учесници на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ поради мерките и протоколите од Комисијата за заразни болести во време на пандемија од вирусот ковид -19 не дозволи масовност и голем број на учесници, но тие кои се пријавија и веруваа во организаторите имаа многу причини за уживање.

Едни кои буквално уживаа во благодетите од Охрид, Охридското езеро и природната убавини беа специјалните гости од Мостар, Босна и Херцеговина и од Тирана, Албанија кои беа дел од WBF проектот. Делегациите пристигнаа на 27 август (четврток) и веднаш активно се приклучија во организацијата и исполнување на активностите од проектот. Слободното време гостите имаа уникатна можност да го искористат за прошетка со специјален водич (Ива Николоска) низ стариот дел од градот и да ги посетат сите знаменитости, посета на Св. Наум и заливот на коските во Градшите и безвременско уживање на и со бродот „Армада“.

Галерија:

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

 

На денот на трката и главниот настан, дел од делегациите учествуваа со трчање а другиот дел беа на освежителни станици и беа задолжени за освежување на тркачите. Гостите од Тирана и Мостар со позитивни импресии заминаа од Охрид и настанот „Охрид трчаТ“, кој уште еднаш ги помести границите и ги отвори вратите во соседните држави.

Луѓе, ова што го видов и доживеав во Охрид е стварно за паметење и прераскажување. Секоја чест за организаторите и за сите кои имаат дел во организација на „Охрид трчаТ“, изјави претставникот од Мостар, Иван Скарамуца.

Делегацијата од Албанија беше побогата и со медал од рекреативната трка на 5 километри. Ејона Куфе заврши на третата позиција и се закити со бронзен медал.

Одлична трка и искуство. Се подготвував, но не очекував медал и ваков успех во Охрид. Дадов се од себе и мило ми е што прекрасниот викенд го крунисав со медал, – рече Куфе.

„Охрид трчаТ“ е еден од четирите проекти поддржани од Фондот на Западен Балкан (Western Balkan Fund) во Македонија. Спортскиот настан број еден во Охрид ги оправда очекувањата, а пофални зборови имаше програмскиот и финансискиот менаџер Марио Рингов.

Вакви спортски настани ни се повеќе од потребни во Охрид и во нашата земја. Неодамна реков дека Охрид трчат не привлече со натпреварувачкиот карактер и едукативниот аспект, а сега тоа го осетив и на своја кожа, – истакна Рингов.

Свој удел во успешната реалазација на проектот поддржан од WBF имаше охридскиот тим кој несибично и многу професионално ја одработи задачата. Волонтерите беа десна рака на гостите кои сигурно имаа неверојатен викенд во Охрид.

Михаил Постоловски
Фото: Нина Ангелоска

Преземено од www.ohridnews.com.