
Опуштено интервју со нашиот евроамбасадор г-дин Самуел Жбогар кое говори за многу едноставни работи а толку битни за нас и нашето секојдневие и иднина. Одвоите 20 минути и погледајте го и верувајте ќе слушнете многу убави пораки кои значат поддршка и силна желба за нашата поубава иднина и просперитет.
Официјално ве известуваме дека предвидената бројка на учесници е исполнета и е затворена регистрацијата за трката од 5к! Има уште неколку слободни места за полумаратонот од 21к!
Officially we inform you that the estimated number of participants is filled and the registration for the 5k race is closed! Few more free places for the half marathon 21k!
Почитувани со особено задоволство Ве известуваме дека и официјално ќе си трчаме на 30 август.
Потврдени и одобрени се протоколите и мерките од страна на комисијата за заразни болести и на таков начин се создадоа услови и официјално да се одржи овогодинешното издание на Охрид трчаТ.
Во овој момент тоа што итно треба да го знаете е дека бројот на учесници е лимитиран и тоа 250 учесници за полумаратонот и 250 за трката на 5км така што максимален број на учесници е 500. Во овој момент има уште 170 места за на 21км и 105 за на трката на 5км. Сите учесници кои ќе се пријават до 20 август ќе си имаат ексклузивно право да си имаат име и презиме на стартниот број. Пријавувањето е отворено до 23 август, 23 и 59 минути доколку претходно не се исполни предвидениот одобрен број за учество.
За денес е доволно а од утре почнуваме со кампања преку нашата веб страна www.ohridtrcat.mk , социјалните мрежи на Охрид трчаТ, медиумите, по мејл, да ве информираме околу протоколите, мерките, подигнувањето на стартните пакети, патеката за движење на денот на трките и се останато.
Уште 20 дена преостануваат до четвртото издание на Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“. Оваа година, најголемиот спортски настан во Охрид ќе започне ново поглавје, затоа што организаторите во програмата вметнаа полумаратон (21 километар), кој низ улиците во градот ќе треба да ги донесе најдобрите тркачи од регионов.
Подготовките и покрај пролонгирањето за одржување на настанот се во полн ек. Организаторите, будно ја следат ситуацијата со коронавирусот и ќе ги почитуваат сите мерки и протоколи, кои, ќе бидат издадение од Комисијата за заразните болести и надлежните институции.
Четвртото издание на најголемата спортска манифестација во Охрид ќе се одржи од 28 до 30 август. Организаторите подготвуваат низа изнедувања а кога сето тоа ќе се состави со трчање и уживање во Охрид, комбинацијата е совршена.
За подетални информации околу пријавувањето и сите активности околу организацијата и трката следете не на ohridtrcat.mk.
Преземено од ohridnews.com