2018 December

Bring to the table win-win survival strategies to ensure proactive domination, a new normal that has evolved from generation.
post2019.jpg

December 29, 2018

Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ на маестрален начин со договор за нова соработка ја заокружи 2018 година. Спортскиот настан кој стана заштитен бренд на градот Охрид пушти рака за партнерство со „Run Bulgaria“ и ќе биде промовиран на атлетските манифестации организирани од заедницата.

Преставници од „Run Bulgaria“ присуствува на второто издание на „Охрид трчаТ“ и имаа можност одблиску да се уверат во одлична организација и професионализмот. „Run Bulgaria“ со 50 учесници ќе биде дел од третото издание кое ќе се одржи на 2 јуни следната година.

Една од нашите цели уште од самиот почеток е во ова насока Охрид трчаТ да постане бренд кој ќе привлекува се повеќе и повеќе спортски гости во Охрид на задоволство на сите нас. Соработката со Ран Бугарија ја договаравме уште од нашето учество на Софија маратон и ни претставува големо задоволство што Охрид и Охрид трчаТ ќе се дел од нивните трки за 2019 година. Ние веруваме дека ова е само почеток кон уште поамбициозно привлекување на големата интернационална тркачка заедница да учествува на Охрид трчаТ. Придобивките се големи но и обврските исто така затоа ние како организатори максимално сме ангажирани во текот на целата година да го развиваме и афирмираме брендот Охрид трчаТ. За брзо ќе објавиме уште една соработка, се подготвуваме за наше учество на неколку маратони и полумаратони од Балканот во 2019 година, сме во преговори со неколку директори на трки да бидат наши гости за време на Охрид трчаТ викендот така што максимално сме посветени на меѓнародната соработка и афирмација на Охрид трчаТ и веруваме дека сето тоа ќе вроди со плод и во наредните години Охрид и Охрид трчаТ ќе се домаќини на повеќе од илјада тркачи од Европа и светот. – изјави директорот на трката, Иван Цветкоски.

Во инфомацијата во специфицираниот сајт за атлетика во Бугарија стои дека „Охрид трчаТ“ нуди многу возбудувања и активности за сите возрасти.

Пријавувањето за учество на „Охрид трчаТ“ започна на 24 декември и исклучиво може да се направи на официјалната интернет страна Ohridtrcat.mk


post2019.jpg

December 24, 2018

Од денеска, официјално започнува пријавувањето за учество на третото издание на Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ која ќе се одржи на 2 јуни следната година. Вљубениците во трчањето, луѓето со позитивен дух и енергија, сите спортисти и рекреативци своето учество можат да го пријават исклучиво онлајн на интернет страната Ohridtrcat.mk.

Заинтересираните за учество на Атлетскиот викенд, „Охрид трчаТ“ ќе можат да се пријават на трката 5 и 10 километри или тим билдинг трката на 5 и 10 километри. Стартниот пакет за трката на 5 километри и тим билдинг трката на 5 километри до 31 јануари изнесува 400 денари, до 31 март чини 500 денари, а до 26 мај кога е последен ден за пријавување е 600 денари. Стартниот пакет на трката на 10 километри и тим билдинг трката на која учествуваат најдобрите атлетичари од нашата земја и многу атлетичари ширум светот ќе чини 700, 800 односно 900 денари според датумите од трката на пет километри. За најдобрите во трката на 10 километри има и парични средства и награди од спонзорите кои се објавени на официјална страна.
Третото издание на „Охрид трчаТ“ ќе претрпе одредени измени во настаните кои се во склоп на настанот. Трките на различностите и средните училишта ќе останат и Детската трка исто така, луѓето позади сцената на „Охрид трчаТ“ ќе имаат свој ден, а мала промена ќе има во Ноќната трка, која ќе се одржи во петок на 31 мај два дена пред главниот настан на 2 јуни. На 1 јуни (сабота) сите пријавени на определено место ќе си ги подигнат стартните пакети и ќе одбројуваат до почетокот на најголемата спортска манифестација во Охрид.

Пријавете се и трчајте, забавувајте се и уживајте во Охрид е паралота на организаторите кои ги повикуваат сите гости активно да учествуваат на настаните во склоп на Атлетската манифестација. После завршување на трките на 5 и 10 километри ќе има голем концерт на градскиот плоштад.